Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
14 Февруари 2023•Ажурирај: 15 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили приведоа најмалку 102 осомничени лица поради наводи за ограбување на оштетени згради и грабеж или измама на жртвите од разорните земјотреси минатата недела, јавува Анадолу.
Според безбедносни извори кои сакаа да останат анонимни „поради медиумски ограничувања“, Главното јавно обвинителство започнало истрага за инциденти со „грабеж и сериозна измама“.
Станува збор за 248 одвоени случаи поврзани со грабежи и измами во 11 турски области.
Главното државно обвинителство издаде и налог за приведување на 23 осомничени лица.
Во земјотресите на јужниот дел на Туркије досега загинаа 31.974 луѓе, објави Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије, со епицентар во областа Кахраманмараш, а голем број спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.
Во соседна Сирија, бројот на загинати се искачи на 3.688, а повеќе од 5.200 луѓе се повредени.