Halil Demir
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Ширум Истанбул приведени се 170 лица кои за 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот се собрале со цел да учествуваат во неодобрени демонстрации, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиената информација, полицијата интервенираше на групите кои сакале во населбите Шишли, Бешикташ, Бејоглу, Зејтинбурну и Бакиркој да изведат неодобрени демонстрации.
Во текот на интервенцијата приведени се 170 лица, а фатени се голем број на рачно изработени бомби, молотови коктели, огномет, шишиња со боја и организациски документи.