Niğmet Koşarhan
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Полицаецот кој е тешко ранет во терористичкиот напад во турскиот Газиантеп, почина, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај напорите на лекарите, полицаецот во болницата ја изгуби битката за живот.
Со смртта на полицаецот, бројот на загинатите во утринскиот напад во Газиантеп зголеми на две лица а повредени се 22 лица.
Помеѓу ранетите се наоѓаат и 18 припадници на безбедносните сили и четири цивили.
Автомобилот бомба експлодира пред зградата на регионалната полициска дирекција на Булеварот „Проф. Др. Муамер Аксоу" во Газиантеп.