Zuhal Kocalar
01 Мај 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Се соопштува дека во експлозијата која се случи пред зградата на полициската станица во турскиот град Газиантеп има повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации експлозијата се случила пред зградата на полициската станица која се наоѓа на булеварот Проф. Др. Муамер Аксој.
На местото на настанот испратени се голем број на здравствени и пожарникарни екипи.
Се информира дека во експлозијата имало повредени. Повредените се префрлени во болниците во градот.