Ahmet Caner Baysal
01 Мај 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ГАЗИАНТЕП (АА)- Пред зградата на полицијата во Газиантеп е извршен терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите експлозијаta се случиla пред Управата на полицијата која се наоѓа на булеварот Проф Д-р Муамер Аксој.
На местото на настанот веднаш биле испратени голем број медицински и противпожарни екипи.
Како што се наведува, во експлозијата има повредени.
Повредените биле испратени во болниците во градот.
- Гувернерот на Газиантеп: "1 лице загина а 13 се повредени''
Во меѓувреме, во изјавата за медиумите гувернерот на Газиантеп, Али Јерикаја рече дека експлозијата е терористички напад извршен со автомобил-бомба.
Во изјавата наведе дека во терористичкиот напад на автомобил-бомба, еден полицаец загина а 13 лица се повредени, од кои 9 се полицајци.