Can Erözden
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Полицијата во главниот град на Турција притвори четворица осомничени членови на ДАЕШ поради подготвување напад за време на првомајските демонстрации за Меѓународниот ден на трудот.
Турските безбедносни власти за АА изјавија дека антитерористичкиот оддел на Анкара притворил четири осомничени лица во синоќа околу полноќ.
Синоќешните апсења беа пропратени со технички и физички надзор, а соопштено е дека осомничените се од Сирија.
Анти-терористичките операции ќе продолжат, изјавуваат од полицијата.
Први мај се слави од страна на многу синдикати и работници ширум светот. Први мај е државен празник во многу земји а официјален во Турција.