Hatice Kesgin
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
МАРДИН (АА) - Тројца војници загинаа за време на антитерористичката операција против ПКК во југоисточна Турција денес, соопшија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворите кои сакаа да останат анонимни, војниците загинале во југоисточната провинцијата Мардин - област до сириската граница во која се изведуваат антитерористички операции уште од 14-ти март.
Турските вооружени сили вчера потврдија дека еден од нивните војници загинал во областа Нусајбин, додавајќи дека неколку терористи биле убиени во југоисточниот регион во петок. Осум од шестмина терористи се убиени во Нусајбин додека другите двајца се неутрализирани во Ширнак од страна на турските безбедносни сили.
Беше откриени експлозив, нелегално огнено оружје, муниција и медицинска опрема.
Југоисточна Турција e место на значајни воени операции уште од крајот на 2015 година, при што полицијата и армијата се обидуваат да ги исчистат терористите на ПКК од урбаните средини.
ПКК, терористичка организација која од страна на Турција, ЕУ, и САД се наоѓа на листата терористички организации - ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во јули. Оттогаш над 400 членови на безбедносните сили загинаа и над 3,700 терористи на ПКК се убиени.