Büşra Selvi Öğütcen
22 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
КОАТЗАКОАЛКОС (АА) - Бројот на загинати при експлозијата која настана во погон на една петро-хемиска фабрика во мексиканскиот град Коатзакоалкос, достигна до 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Тринаесетина од вкупно 19-та повредени и хоспитализирани лица се во сериозна здравствена состојба, додека осум лица се сметаат за исчезнати, се вели во соопштението дадена од менаџментот на фабриката "Petroleos Mexicanos (Pemex)".
Според соопштението, 12 лица од 24-те жртви се идентификувани, а 8-на од загинатите веќе им се предадени на семејствата. Истрагата во фабриката од страна на спасувачките екипи сè уште е во тек.
Повеќе од 100 членови на спасувачката екипа се погодени од отровниот чад кој се шири во воздухот над фабриката.
Претседателот на Мексико, Енрике Пена Нието, го посети местото на настанот и се сретна со семејствата на 30-та исчезнати лица.
„Ја разбирам вашата болка и загриженост”, се обрати Нието до семејствата, а во своето обраќање даде ветување за надомест на семејствата на настраданите од страна на фирмите Пемекс и Мексикам кои се одговорни за управување со работењето во фабриката.
Директорот на Пемекс, Хозе Антонио Гонзалес Анаја, во своето обраќање во едно локално радио, изјави дека експолозијата настанала поради истекување, но дека сè уште не е познато местото на истекување.
„Како мерки на претпазливост од присуството на хемикалии во воздухот во радиус од 10 км, повеќе од 2.000 луѓе се еавакуирани од областа а беше прекината наставата во шест училишта”, се вели во изјавата на градоначалникот на Веракруз, Хавиер Дуарте.
Во фабриката, се врши производство на сода бикарбона (натриум хлорид), која се користи како хемиски разградувач (абразив) и винил хлорид, познат по своите опасни хемиски својства.
Досега биле евидентирани пожари и експлозии во уште три други погони на истата компанија, кои резултирале со биланс од вкупно 65 човечки жртви.