Halit Süleyman,Selen Temizer
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушните напади на руските авиони врз сирискиот Алепо загинаа десет а повредени се 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што рече Ибрахим Абу Леис од цивилната заштита, во бомбашкиот напад на селото Бустан ал-Каср, Баб Адид Ансари, загинаа десет цивили а додека 25 се ранети.
Повредените беа пренесени во локалната болница.
Воздушните напади во Русија почнаа на 30-ти септември минатата година. Иако акциите беа најавени во рамките на борбата против терористите на ДАЕШ, руските авиони ги бомбардираа упориштата на умерената сириска опозиција во Идлиб, Хомс, Хама и Алепо.
На 14-ти март 2016 година беше донесена одлука за намалување на военото присуство во Сирија. По привременото примирје постигнато на 27-ми февруари, Русија во голема мера ги прекина нападите.