Alptekin Soykan
16 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
ИСТАНБУЛ(АА) - Во истанбулската населба Малтепе под еден надвозник покрај патот била активирана експлозивна направа оставена во пакет. Од експлозијата се повредени четири лица, јавува Anadolu Agency (AA).
По експлозијата која се случи во населбата Малтепе, под надвозникот на раскрсницата од патот D-100 кој води кон Анкара, полицијата во околината презеде безбедносни мерки.
Од истрагата на местото на настанот и од собраните докази установено е дека станува збор за рачно изработена бомба со ефикасен експлозив.
Од експлозијата повредени се четири лица, од кои тројца мажи и една жена, кои имаат полесни повреди по телото од метални парчиња на рачно изработената бомба. Две лица се повредни кога во момент на експлозијата со автомобил поминувале под надвозникот, додека другите две лица се наоѓале во близина на надвозникот чекајќи такси. По настанот повредените лица се префрлени на лекување во истанбулските болници.
Полицијата ги прегледува снимките од околните камери и системи за обезбедување за да се открие кој ја оставил експлозивната направа.