Oğuzhan Çal
06 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а 40 се повредени во железничка несреќа која синоќа се случи во местото Хермал-сус-Хуј на истокот на Белгија, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на белгискиот град, Франсис Деон, соопшти дека во судирот на двата возови, животот го загубиле најмалку три лица, а дека меѓу 40 повредени има и неколку животно загрозени.
Раководството Инфрабела, компанијата задолжена за железничка инфраструктура во Белгија, соопшти дека до несреќата дошло кога патничкиот воз се судрил со товарен воз кој се движел кон истата пруга.
Се превртеа два од вкупно шест вагони на патнички воз при сударот.
Весникот „Le Soir" јавува дека патничкиот воз на релацијата Лиге-Намур се судрил со товарен воз при брзина од 90 километри на час.