Ekip
26 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ЕРЕВАН (АА) - Две лица загинаa при експлозија што се случи во автобус во Ереван, главниот град на Ерменија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата што ја даде Министерството за вонредни ситуации, во експлозијата што се случила во автобус во кој се наоѓале 9 лица, седумина се повредени. Двајца од повредените се во тешка состојба.
Од експлозијата се скршиле прозорците од околните згради.
Директорот за безбедност, Владимир Гаспарјан, изјави дека се истражуваат причините за експлозијата.
Потпаролот на претседателот, Серџ Саркисјан, изјави дека дадени се инструкции за зголемување на безбедносните мерки во главниот град Ереван.