Ayhan Şimşek
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ХАНОВЕР (АА) – Претседателот на САД, Барак Обама и претседателите на Германија, Франција, Англија и Италија се состана во Хановер, јавува Anadolu Agency (AA).
Домаќинка на средбата беше германската канцеларка, Ангела Меркел, на мини Самитот лидерите се состанаа во историската палата Херенхаусен.
На Самитот покрај Обама и Меркел, присуствуваа и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, премиерот на Италија, Матео Ренци и премиерот на Англија, Дејвид Камерон.
Пред средбата на Самитот, претставниците на петте земји направија заедничка фотографија, но не дадоа никаква изјава.
По средбата која траеше час и половина, претседателот на САД, Обама, се упати кон аеродромот во Хановер.
Обама кој дојде во Германија на отворањето на Саемот за индустрија, каде САД беше земја-партнер, вчера имаше билатерална средба во палата Херенхаусен со канцеларката Меркел.
САД и четирите европски најголеми економски сили, Германија, Англија, Франција и Италија на минатогодишниот Самит Г20 во Анталија, имаа за прва заедничка средба на коа беше разговарано за меѓународната политика и економскиот развој. Овие пет земји кои учествуваат и на Самитот на седумте економски најразвиени земји - Г7, во Хановер го повторија „Форматот од Анталија“.
Обама на отворањето на Саемот, изјави дека потребно е европските земји да земат поголема одговорност за разрешување на меѓународните проблеми и безбедноста.
Меркел предходно даде изјава за темите за кои ќе се разговара. На прво место состојата во Либија, граѓанската војна во Сирија, потоа бегалската криза и договорот меѓу ЕУ и САД за Трансатланската трговија и заедничките инвестиции.