Servet Günerigök
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Вкупно 27 терористи на ДАЕШ се убиени северно од сириската покраина Алепо како резултат на турските артилериски напади и воздушните напади на коалицијата против ДАЕШ предводена од САД, соопштија воени извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворите кои сакаат да останат анонимни, терористите се неутрализирани откако им се одредени позициите, како одговор на нивното испалување ракети кон турска територија.
Ракетите од сириска територија кон Турција започнаа спорадично да се испалуваат во средината на месец јануари од страна на терористите на ДАЕШ. Оттогаш загина 21 лице, меѓу кои и Сиријци кои најдоа засолниште во пограничното турско подрачје, а беа повредени околу 70 лица.
Како што кажуваат изворите, во три коалициски кампањи, нападнати и убиени се терористи на ДАЕШ во регионите Ал Бил, Шеик Рих, Фајдија, Мазра, Тал Хишин и Барагита.
Меѓународната коалиција ја започна својата кампања против ДАЕШ во септември 2014 година.