Ekipa
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Во Турција по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, се организирани бројни демонстрации и протестни маршеви на кои им се приклучија десетици илјади луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Насобраните граѓани организираа демонстрации и побараа подобри работни услови.
Демонстрациите беа организирани во повеќето градови во Турција, а бројот на демонстрантите се издвојуваат оние во Истанбул, Kaјсери, Анкара, Ескишехир, Зонгулдак и многу други.
Покрај тоа, некои демонстранти и танцуваа на улиците, а имаше и музика.

Особено големи демонстрации се одржуваат во Истанбул.
Поради немирите минатата година, за безбедноста на граѓаните во градот се грижат 24.000 припадници на силите за безбедност а има и измени во одвивањето на сообраќајот.
Во Истанбул денеска се приведени најмалку 170 луѓе поради недозвоени демонстрации. Централниот плоштад Таксим во Истанбул, денес е пуст бидејќи се преземени големи безбедносни мерки. Во одредени делови на плоштадот може да се видат само припадници на безбедносните сили и новинарите.
На протестните маршеви низ целата земја може да се видат сите генерации, од најмладите до најстарите.