Ferdi Uzun
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
АЈДИН (АА) - Група туристи, и покрај температурата од 18 степени Целзиусови денес се одлучија да се капат во морето во градот Дидим на југозападниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
И турското приморје го зафати ладното време но тоа не ја спречи групата од десет лица да уживаат во пливање во водите кај турскиот Дидим.
Меѓу нив беше и 65 годишниот Гарип Сачилди кој изјави дека го искористиле денот без ветер за да влезат во морето и да пливаат.
Тој потсети дека во претходните години, во зимскиот период, влегувале во морето и пливале, секако кога временските услови го дозволувале тоа.
„Тука времето е многу убаво. Минатата година во морето се капев на 17 декември” , раскажа Сачилди.
Во групата на храбри пливачи беше и 58 годишниот Ахмер Карсли, кој изјави дека никогаш не ја пропушта можноста и задоволството да плива во морето во декември.
Половина час беа во морето, а потоа се сончаа на плажата.