Nuray Tunçay
11 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во близина на стадионот Водафон Арена во населбата Бешикташ во Истанбул се случи експлозија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, во блзина на квартот Мачка, близу стадионот Водафон Арена, во 20.30 часот се случила голема експлозија.
По завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Бешикташ и Бурсаспор од Супер Тото Супер лига на Турција се случила експлозија во која се ранети полицајците кои ја извршувале својата должност во обезбедувањето на натпреварот.
На местото на експлозијата се испратени голем број на полициски и екипи на брзата помош. Ранетите полоцајци се испратени во локалните болници.
Началникот на полицијата на Истанбул, Мустафа Чалишкан изврши увид на самото место на терористичкиот напад.
Се врши контрола на сообраќајот во населбата Бешикташ и неговата околина.

- Министерот за внатрешни работи Сојлу: Има околу 20 ранети
Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу изјави: „Имаме околу дваесетина ранети. Немаме информации за загинати. Сенадевам дека нема да има. Ранетите се полицајци“.
- Истанбулското јавно обвинителство започна истрага
Според добиените информации, државниот обвинител од Истанбул, Ирфан Фидан и Исмаил Учар Заменик-јавниот обвинител, одговорен за тероризам и организиран криминал заедно со тројца судии извршија истрага од самото местото на терористичкиот напад.
Обвинителството започна истрага во врска со терористичкиот напад.
- Претседателот на Турција Ердоган се информираше во врска со експлозијата
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган оствари средби за да се информира во врска со експлозијата која се случи пред стадионот Водафон Арена во населбата Бешикташ, Истанбул.
Според информациите добиени од претседателски извори, Претседателот на Турција Ердоган направи повеќе телефонски разговори за да биде во тек со развојот на настаните по експлозијата во Истанбул.
Претседателот Ердоган одделно разговарал со премиерот Бинали Јилдирим, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, Началникот на полицијата на Истанбул Мустафа Чалишкан, информирајќи се во врска со бомбашкиот напад.
Се дознава дека развојот на настаните по бомбашкиот напад, претседателот на Турција Ердоган ги следи од својата резиденција во Тарабија во Истанбул заедно со министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак.
- Премиерот Јилдирим се информираше за експллозијата
Премиерот на Турција Бинали Јилдирим во врска со терористичкиот напад во Бешикташ разговараше со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и градоначалникот на Истанбул Васип Шахин и се информираше за терористичкиот напад во Истанбул.
Според информациите добиени од владините извори, премиерот Јилдирим се сретнал со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и градоначалникот на Истанбул Васип Шахин и се информирал за терористичкиот напад кој се случи во Истанбул, во близина на стадионот Водафон Арена, во населбата Бешикташ.
- Министрите Сојлу и Акдаг допатуваа во Истанбул
По терористичкиот бомбашки напад кој се случи во Истанбул, министерот а внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу и министерот за здравство Реџеп Акдаг од Анкара допатуваа во Истанбул.