Hatice Kesgin
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека „меѓусебниот дијалог и помирување" би требало да ги означи преговорите помеѓу турските работници, синдикати, работодавачи и граѓанското општество, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неговата порака упатена денес на Меѓународниот ден на трудот, Ердоган изјави дека се надева дека овој настан ќе ја „зајакне работата, мирот и единството" и предупреди против она што се нарекува „провокација".
Поголеми безбедносни операции во Истанбул и Анкара се во тек додека илјадници луѓе го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот преку собири и демонстрации.
Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, ги пречека работниците на појадок во неговиот Кабинет во палатата Чанкаја во Анкара по повод одбележување на Први мај.
Први мај се слави од страна на синдикатите и работниците ширум светот. Први Мај во многу земји се смета за државен празник а во Турција се смета за официјален празник.