Hale Türkeş
02 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
БУРСА (АА) - Терористичката организација ПКК стои зад неодамнешниот самоубиствен напад во Бурса, во северозападниот дел на Турција, соопшти локалната полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во самоубиствена експлозија во средата попладне на влезот на историскиот базар во Бурса загина едно а беа повредени 20 лица.
Шестмина од вкупно 17 осомничени, кои се приведени во текот на полициската акција по терористичкиот напад во Бурса, се задржани во притвор, соопшти неименуван безбедносен извор. Операцијата е спроведена во Бурса, Истанбул, Измир, Мардин како и во покраините Шанлиурфа и Афионкарахисар.