?????
05 Ноември 2015•Ажурирај: 09 Ноември 2015
Производителите на мебел во Бурса, Турција, за децата и тинејџерите љубители на фудбалот дизајнирале кревет во облик на фудбалски стадион, пишува Anadolu Agency (AA).
Креветот е изложен на Инеголскиот саем на мебел и покуќнина (MODEF EXPO 2015), а за него многу посетители покажаа голем интерес.
Кревет со исцртани голови и терен, има облик на стадион со закривени трибини. Како што кажаа од фирмата која го произведе креветот, на него може да се исцртаат амблеми и бои на различни фудбалски клубови.
Покрај тоа, може да се нарача мебел за комплетна соба кој ќе ја следи темата на креветот.
„Овој производ го пласиравме и на пазарот во Германија, Ирак, Франција и Велика Британија. Играв за неколку локални клубови. Истражував за да можам и како производител на мебел а и како личност која го сака фудбалот, да дадам свој придонес. Ова е производ на тригодишно истражување. Верувам дека успешно дизајниравме кревет во облик на стадион“, рече сопственикот на компанијата која произведе необичен кревет, Имдат Демирдас (32).
Тој истакна дека моментално се користат само боите на клубовите, поради тоа што сеуште не постигнале договор со фудбалските клубови за користење на нивните грбови.
Демирдас изрази надеж дека неговите производи се продаваат во продавниците за обожаватели на големите клубови.
Истакна дека моментално овие производи се наменети само за децата и тинејџерите.
„Не ги заборавивме дури ниту седиштата на трибините. Се надеваме дека децата ќе се забавуваат и играат на овој кревет. Добиваме многу позитивни реакции.
Многумина прашуваат како успеавме да го направиме овој кревет. Сметаат дека е многу убав. И ние сме многу среќни поради позитивните повратни информации“, рече Демирдас.