Sergen Sezgin
06 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
БУРСА (АА) - Околу педесетина момчиња и девојчиња од 10 до 14 години минатата ноќ ја поминаа во Центарот за наука и технологија во Бурса, каде што ги набљудуваа ѕвездите, возеа вселенски велосипед и „шетаа” на Марс, јавува Anadolu Agency (AA).
Децата ја посетија изложбата „Набљудувањето на Марс”, која претходно ѝ беше претставена на канадската публика, а сега е дел од проектот „Една ноќ на Марс”.
Децата се дружea со сирискиот астронаут Мохамед Фарис кој им зборуваше за тајните на Универзумот, а потоа возеа вселенски велосипед и „шетаа” на Марс.
Во доцните часови децата беа во можност да го видат небескиот свод, а беа прикажани и различни мултимедијални содржини од Марс. Децата имаа можност да поставуваат прашања и да научат многу, не само за оваа планета, туку за целиот Универзум.
Фарис за новинарите изјави дека овој проект е многу важен и дека во иднина често ќе се оди на Марс.
„Генерацијата на овие деца може да се нарече ,Генерација на Марс'. Тие ќе го видат тој простор. На оваа возраст има уште многу нешта за учење. Ова е одлична можност за децата”, вели Фарис, додавајќи дека децата се многу среќни што имаат еден ваков Центар.
Заменикот-градоначалник на Бурса, Абдулкадир Kарлик рече дека овој проект го организирале со цел децата на оваа возраст да ја засакат науката и во иднина да станат научници.