Duygu Yener
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
АНКАРА (AA) - Министерот за здравство на Турција Мехмет Муезиноглу изјави дека терористичкиот напад во Бурса го изведе 25-годишна жена самоубиец, јавува Anadolu Agency (AA).
"Нападот го изведе терорист, 25 годишно женско лице, кое притоа се разнесе. Министерството за внатрешни работи спроведува истрага за идентитетот на лицето", рече Муезиноглу.
Исткна дека според последните информации во локалната болница се префрлени 13 ранети лица.
"Со амбулантни кола во болница се префрлени 13 ранети лица. Моментално меѓу 13 ранети немаме сериозно повредени случаи. На ранетите им посакуваме брзо закрепнување" , рече министерот за здравство.
Кабинетот на гувернерот на Бурса претхнодо соопшти дека терориситчкиот напад во Бурса го изведе жена самоубиец.
На местото на експлозијата пристигнаа бројни противпожарникарни екипи, како и екипи на итна помош.