Serdar Yiğit
31 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
КУТАХЈА (АА) - Планините Доманич, кои ја формираат природната граница на Кутахја и Бурса, ги чекаат љубителите на природата со своите шуми кои се обоени во различни нијанси на зелената боја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Областа Доманич во Кутахја, 65 отсто е покриена со шуми и секоја сезона е обоена во прекрасен спектар на бои.
На планините Доманич, на надморска височина од 1.500 метри, се наоѓаат водопадот „Чаталалич“, висорамнината „Коџајајла“ и природниот парк „Топук Јајла“, кои нудат несекојдневни пејзажи на љубителите на природата и љубителите на фотографијата.

Мајсторот за резба во дрво, Ахмет Мунир Ајва, кој заедно со своите ученици дошол да ја види планината, рече дека планините Доманич и нивните висорамнини имаат уникатни убавини.
Ајва, истакнувајќи дека регионот исто така е домаќин на различни видови дрвја, нагласи дека треба да направат поголеми напори за негова промоција.
Екипата на Агенција Анадолија (АА) со дрон ги сними бујните шуми на планините Доманич.