Vesna Besiç
17 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Плоштадот Султанахмет во стариот дел на Истанбул е „преслечен” во пролетни бои во кои уживаат голем број домашни и странски туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбул е место на мешање на различни култури и религии, а како резултат на тоа, во градот може да се видат голем број џамии, цркви, синагоги и палати. Најпознатите музеи во Истанбул се палатата Топкапи (поранешна Султанова палата или Цариградски дворец), Аја Софија, Црквата на Хорот, Археолошкиот музеј, Музејот на турската и исламската уметност, Истанбулскиот музеј за модерна уметност и палатата Долмабахче.
На Султанахмет се наоѓаат џамијата Султанахмет и Аја Софија која инаку привлекува голем број туристи од целиот свет. Лалињата но и зелените површини во нивната околина им даваат посебна димензија на овие важни објекти.
Објективот на фоторепортерот на Anadolu Agency ја забележа оваа прекрасна глетка.