Büşra Nur Özcan
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
БУРСА (АА) - Експлозијата во Бурса е последица на активирање на експлозивот кој на себе го носела жена бомбаш-самоубиец, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од одговорните на Бурса, експлозијата се случи во 17.26 часот по локално време пред западната врата на Улу џамијата во месноста Османгази во Бурса.
Во соопштнието се вели: „Станува збор за жена-самоубиец која го активирала експлозивот кој го носела на себе. Според информациите од местот на настанот седум лица се повредени, кои се префрлени во најблиските медицински центри. Единиците за безбедност продолжуваат со своите истражувања."