Furkan Abdula
22 Септември 2021•Ажурирај: 23 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - ФУРКАН АБДУЛА -
Градскиот планер од А-група, Бајрам Вардар, од УПА Компанијата за урбанистичко планирање и архитектура, истакна дека покрај тоа што е главен град на историјата и културата, турскиот град Бурса од ден на ден станува важна дестинација за здравјето, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бурса заедно со своите термички карактеристики и природните богатства е извор на лекување“, изјави Вардар за дописникот на АА, сврнувајќи се на природните богатства на Бурса, термалните води и нивната работа како компанија.
Потсетувајќи дека е роден во Скопје, главниот град на Северна Македонија, Вардар рече дека работи долго време како локален менаџер и дека во последните 4 години има сопствена инженерско-архитектонска компанија.
Наведувајќи дека повеќето заедници на Балканот имаат роднини во европските градови, Вардар рече:
„Турција е несомнено земја во која роднините на балканските народи се најконцентрирани. А Бурса е град во Турција во кој има најголема концентрација. Турција е голема земја и со население од 83 милиони и земја со силна економија. Со своите 24 организирани индустриски зони и население од околу 3,5 милиони, Бурса е втората најголема економија во Турција, по Истанбул.“
Посочувајќи дека додека работел како локален менаџер во Бурса имал можност да ги запознае предностите и вредностите на градот, Вардар рече:
„Како градски менаџер, ние предностите и можностите на Бурса ги опишуваме на следниов начин: Ангелот кога поминувал низ градовите на секој град му оставал по еден подарок, по еден благослов. Ете на градот Ризе, му го оставил чајот, на Орду лешниците. Кога минувал покрај Бурса, на Ангелот му паднало самарчето и сите благослови се прелеале врз Бурса.“
Наведувајќи дека Бурса е град кој има многу богатства како што се праски, круши, маслинки, термални води, планината Улудаг и морето, Вардар рече:
„Бурса покрај сите природни богатства е и лековит град. Со своите лековити термални води е град со многу поволности, за разлика од другите градови. Во Бурса има 400 литри термална вода во секунда. Со оваа карактеристика Бурса е извор на термалните води. Термалните води за Бурса се исто што е нафтата за Блискиот Исток. Бурса е древен град кој ги користи овие термални води.“
Наведувајќи дека Евлија Челебија истакнал дека има околу 3.000 бањи во Бурса, Вардар рече: „Бурса заедно со своите термички карактеристики и природните богатства е извор на лекување. Знаејќи ги лековитите карактеристики на Бурса, државата и институциите како и во целата земја и во Бурса направија големи инвестиции во областа на здравствениот туризам.“
Посочувајќи дека Бурса од ден на ден станува важна дестинација во областа на здравството, покрај тоа што е престолнина на историјата и културата, Вардар рече:
„Со оваа карактеристика, Бурса е град кој е домаќин на значајни можности. Повеќето заедници на балканските простори, како и во Европа имаат и роднини во Бурса. Тука имаат воспоставено врски. Бурса е значаен град кој на овој начин здравствените благослови ги има претворено во придобивки.“
Вардар, истакнувајќи дека здравствениот туризам е важна фаза на туризмот заедно со културниот и историскиот туризам, рече:
„Ние со фирмата наречена ‘Peak International Health“ сакаме луѓето од Балканот кои бараат лекување да ги сретнеме со лековитите карактеристики на Бурса и да им помогнеме. Ние го правиме тоа. Се обидуваме благословите на Бурса да ги споделиме со целиот овој простор.“