Cem Şan
12 Март 2021•Ажурирај: 13 Март 2021
БУРСА
- Џем ШАН
Турција во првите два месеци од 2021 година извезе шлеп-возила во 37 земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Анализирајќи ги податоците на Здружението на извозници на автомобилската индустрија „Улудаг“, новинарот на АА дојде до податокот дека извозот на шлеп-возила, кои се една од подгрупите на автомобилскиот сектор, во јануари, во споредба со истиот месец од претходната година е зголемен за 501%, а тој тренд на продажба во странство продолжи и во февруари.
Извозот на шлеп-возила е зголемен за 80 проценти и минатиот месец, во споредба со истиот период во 2020 година.
- Едно од секои пет шлеп-возила замина за Германија
Претставниците од овој сектор во првите два месеци од оваа година извезоа во 37 земји, при што најголемиот извоз е остварен во Германија.
Извозот на шлеп-возила во оваа земја е зголемен за 95% во периодот јануари-февруари во споредба со истиот период од 2020 година, односно, се зголеми од 13.737.000 на 26.848.000 долари.
Извозот во Германија претставуваше 20% од вкупниот извоз на шлеп-возила на Турција.
- Земји од Европа меѓу првите десет
На ова поле, Полска се наоѓа на второто место. Турските производители на шлеп-возила во оваа земја во периодот јануари-февруари извезоа возила во вредност од 23.636.000 долари, што е зголемување за 440% во споредба со истиот период од 2020 година кога извозот изнесувал 4.371.000 долари.
Во истиот период, Шпанија се најде на третото место со пораст од 161% и извоз во висина од 20.119.000 долари.
Во споредба со извозот на шлеп-возила на Турција за периодот јануари-февруари во 2020 година, Италија се најде на четвртото место со пораст од 134% и извоз во вредност од 17.000.000 долари. Франција е петта со зголемување од 206% и извоз од 13.389.000 долари, Холандија е шеста со зголемување од 302% и извоз од 8.547.000 долари, извозот во Словачка, која се најде на седмото место, се зголеми за 198% и изнесува 4.399.000 долари, Унгарија е осма со раст од 90% и извоз во висина од 4.150.000 долари, Белгија е деветта со зголемување од 883% и извоз од 3.752.000 долари, а Чешка се најде на десеттото место со пораст од 166% и извоз во висина од 2.173.000 долари.
Во првите два месеци од оваа година, за разлика од истиот период минатата година, Турција извезе шлеп-возила и во Летонија, Оман, Бахреин, Косово, Узбекистан, Либерија, Кенија и Камерун.