Faruk Zorlu
14 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
АНКАРА
Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп ги потврди и како неосновани и неуки тврдења ги оцени наводите кои Европскиот парламент ги изнесе за Турција во врска со одлуката за десетгодишниот судир во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ги отфрламе неинформираните, неоснованите и злонамерните наводи против нашата земја кои Генералното собрание на Европскиот парламент ги усвои на 10. годишнина од сирискиот конфликт", наведе Шентоп на социјалната мрежа Твитер.
Тој истакна дека Турција од почетокот на војната во Сирија пружи рака на пријателство на милиони бегалци од таа земја и стана глас на бегалците како дел од својата приврзаност кон хуманитарните вредности.
Шентоп исто така порача дека Турција паралелно со продолжувањето на решителната борба против тероризмот, ќе продолжи и да придонесува кон напорите за решавање за сирискиот судир врз основа на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 2254.
Тој додаде дека натажува фактот што Европскиот парламент не успеа да заземе став против терористичките напади на ПКК/ЈПГ врз сириските цивили.
„Ги повикавме Европскиот парламент да го поддржи политичкиот процес во Сирија и да застане на страна на Турција, која ги отвори своите врати за 3,7 милиони Сиријци, ги штити границите на НАТО и европските граници и го почитува меѓународното право", порача Шентоп.
Обраќајќи се кон новинарите, Шентоп рече дека неоснованите тврдења на Европскиот палрамент не се големо изненадување бидејќи во Европа се уште постојат бројни себични политичари кои се грижат само за сопствените интереси.
„Оние кои можат да видат низ што Турција помина поради сириската граѓанска војна би требало да се срамат од такви изјави. Турција е земја број еден на светот во поглед на почитување и посветеност на меѓународното право", нагласи Шентоп.