Atila Altuntaş
12 Август 2022•Ажурирај: 14 Август 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Врховниот суд на Шведска одлучи да екстрадира лице кое Туркије го бара за измама, објави државната телевизија СВТ (SVT), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за правда, Морган Јохансон, ја нарече одлуката „рутинска работа“. „Барањето за екстрадиција беше примено минатата година. Врховниот суд го разгледа ова прашање и заклучи дека не постојат пречки за екстрадиција“, рече Јохансон.
Маж (35) од страна на Врховниот суд на Туркије во 2013 и 2016 година беше осуден за измама, и тоа на 14 години затвор.
Турскиот државјанин, кој побарал азил во Шведска во 2011 година, според наводите, преминал од ислам во христијанство и го сменил името во Јохан Густавсон за да избегне екстрадиција.
Електронскиот шведски весник „Самнит“ објави дека името на лицето кое Шведска се подготвува да го екстрадира во Турција е Окан Кале.
Кале побарал азил во Шведска во 2011 година, откако беше обвинет за измама со кредитни картички во три банки во Туркије, но неговото барање беше одбиено.
Во 2014 година, тој доби статус на бегалец во Италија.
Кале доби право на привремен бегалски престој на две години во Италија. Потоа дојде во Шведска во 2016 година и се ожени со Швеѓанка која е 23 години постара од него.
Тој, благодарение на овој брак, доби дозвола за престој и работа во Шведска.
Во октомври 2021 година, Анкара стапи во контакт со шведските власти преку Интерпол. Кале беше уапсен и затворен на истиот датум.