Göksel Yıldırım
26 Ноември 2022•Ажурирај: 29 Ноември 2022
АНКАРА (АА) – „Турски аеровселенски индустрии“ продолжуваат со испораката на хеликоптери Т129 Атак на Филипинските воздухопловни сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде АА, „Турски аеровселенски индустрии“, кои го извезоа својот прв хеликоптер Атак на Филипините, ги завршија тестирањата во капацитетите на компанијата и испратија два дополнителни хеликоптери на Филипините.
Филипинските воздухопловни сили ја започнаа техничката проверка на хеликоптерите произведени со фаза 2. По завршувањето на тестовите, испораката треба да биде комплетирана на 3 декември.
Според договорот, „Турски аеровселенски индустрии“, кои ќе реализираат шест испораки, ги испратија на Филипините третиот и четвртиот хеликоптер. „Турски аеровселенски индустрии“ ќе ги испорачаат преостанатите два хеликоптери во 2024 година.
Испорачувајќи 73 хеликоптери на различни безбедносни сили во Туркије, „Турски аеровселенски индустрии“ во последните месеци ги испорачаа првите два хеликоптери на Филипинските воздухопловни сили, со што бројката на вкупно испорачани се зголеми на 75.
По реализирањето на испораката во декември, бројот на испорачани хеликоптери ќе биде 77.