Amina Zorniç
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Тимот од 20 лекари во болницата во Бронкс, Њујорк, со операција успешно ги раздвои сијамските 13-месечни близнаци Аниас и Џејдон Мекдоналд, кои по раѓањето биле со споени глави, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за најреткиот случај на сијамски близнаци кој се јавува еднаш во 2,5 милиони случаеви на раѓање на децата.
Според медицинската статистика, 40 отсто од близнаците со споени глави по раѓањето се мртви додека оние кои преживеат, не живеат подолго од 24 часа.
Родителите на 13-годишните близнаци, Никол и Кристијан Мекдоналд, кои имаат и тригодишен син Аз, ги напуштија своите работни места во Илиноис и се преселија во предградието Бејдвуд за да се подготват за ризичната операција.
По операцијата, која траеше 24 часа, момчињата се сместени на одделот за интензивна нега.
Главнио лекар, Санџај Гупта, истакна дека станува збор за многу ризична операција и потсети дека во случај кога бебињата се со споени глави, доколку не се раздвојат до својата втора година, 80 отсто од нив нема да преживеат.
Момчињата, како што рече тој, за сега се добро. Нивната способност за говор нема да биде оштетена, со оглед на тоа што операцијата е извршена на задниот дел од мозокот, но постои можност за отежнато движење.
Лекарскиот тим во наредните шест до седум месеци ќе ја следи здравствената состојба на момчињата.