Amina Zorniç
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ЧИКАГО (AA) - Соединетите Американски држави вчера го прославија Денот на независноста а на одбележувањето на тој, за Американците, значаен датум, со спектакуларен огномет му се придужи и Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Градските власти на Чикаго приредија огномент кој го гледаа и фотографираа жителите од сите делови на таа метропола која лежи на брегот на езерото Мичиген.
Четврти јули СЕАД го прославуваат како Денот на независноста, ден на настанувањето или како што сакаат да речат- денот на раѓањето. Се слави кога 1776 година основачите на денешните американски држави одлучија да го прекинат колонијалниот статус и поданичките односи со британското кралство и да формираат одвоена, независна држава.
Бројни паради, огномети, концерти, семејни собири, најчести се и највообичаен начин на одбележување на 4-јули. Милиони Американци тој ден ги украсуваат своите куќи, градини, улиците и плоштадите.