Ekip
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ТАНЗАНИЈА (AA) - Триесет лица загинаа, а 50 се повредени во судир на два автобуси во танзанискиот регион Сингида, јавува Anadolu Agency (AA).
Регионалниот полцициски командир Тобиас Седојека за АА рече дека еден автобус се движеше во правец на главиот град Дар ес Салама од дистриктот Кахама додека другиот патувал кон Шинјанга од Еар ес Салам.
Станува збор за автобусите кои и припаѓаат на истата превозна компанија.
„Пред да дојде до судир, возачите се обидоа да се поздрават но изгубија контрола над возилата после што дојде до несреќата", рече Седојека.
Според неговите зборови, едниот од возачите пред судирот 45 минути претходно сообраќајната полициска единица го предупреди на пречекорување на дозволената брзина.
Новата несреќа следуваше ден откако 12 луѓе загинаа во сообраќајната несреќа во Морогоро регионот на југоистокот на Танзанија.