Admir Fazlagic
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - По кратко и тешко боледување утрово на 73-годишна возраст почина познатата македонска пејачка и хуманитарка Есма Реџепова Теодосиевска, јавува Anadolu Agency (AA).
Есма Реџепова беше нарекувана кралица на ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење и македонски музички амбасадор во светот. Во 2013 година ја доби и престижната титула национален уметник на Република Македонија.
Во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број концерти и хуманитарни акции ширум светот.