Mustafa Melih Ahıshalı
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Авганистанските бегалци кои години наназад од безбедносни и економски причини беа приморани да ги напуштат своите домови, во тешки услови го продолжуваат животот во Иран, пишува Anadolu Agency (AA).
Напуштија се и дојдоа во Иран, каде што ја работат најтешката физичка работа за многу ниски плати. Авганистанските бегалци кои работат во производство на тули од вар, за АА раскажаа за тешкиот живот и проблемите со кои се соочуваат секојдневно.
Рахим Абдулах пред 35 години со семејството го напушти својот дом во Авганистан. Тогаш имал шест години, а во Иран, како изјави тој, дошле поради војна во неговата родна земја.
И покрај тоа што немаат безбедносни проблеми, Абдулах истакна дека секојдневно се води борба за живот. Според неговите зборови, животните услови се многу тешки.
„Со оглед дека не можам да плаќам, својот 11 годишен син Керим неможам да го пратам на учичлиште. Со него работам во производство на тули од вар", раскажа Абдулах. Нагласи дека еднаш неделно си одат во нивната куќа, која е оддалечена пет километри од местото каде работат, со цел да да ги заштедат парите кои би ги потрошиле по пат.
„Остануваме да спиеме во фабриката. Работиме од 6 изутрина до 19.00 часот попладне. Синот и јас дневно заработуваме околу 13 долари", изјави Абдулах.
Авганистанецот Казим Хајдати пред 15 години дојде во Иран да работи во истата фирма.
„Имам пет деца. И покрај тоа што тука е многу тешко, јас морам да работам бидејќи животот е скап. Работам од пет до 19.00 часот. Исто така работам и на плантажи", раскажа Казим.
Шеесетгодишниот Мехмет Хасан Асури пред 17 години го напушти Авганистан. Поради здравствени проблеми работи по шест часа дневно. Заработува околу 8 долари, а нема здравствено осигурување.
„И сопругата, поради болест, не работи. Тешко е, но среќни сме што сме далеку од војната", порача Асури. Доаѓањето на авганистанските бегалци во Иран започна 1979 година. Во Иран се наоѓаат околу 2, 5 милиони Авганистанци, а само 950.000 имаат дозвола за престој.