Kristina Maslareviç
13 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
БЕЛГРАД (AA) – Обвинетиот од Хаг и поранешен претседател на т.н "Република Српска Краина" Горан Хаџиќ, кој минатата година, поради здравствени причини беше пуштен на привремена слобода од Хашкиот трибунал, почина во Нови Сад, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Српската радикална странка во Белград, Хаџиќ кој боледуваше од карцином на мозокот, во Ургентниот центар во Нови Сад, околу 20 часот почина во 58 година.
Поради лекување во април 2015 година пуштен е на привремена слобода, а судењето во Хаг во април оваа година е прекинато на неодредено време. Од враќањето во Србија, живееше во Нови Сад.
Властите во Србија, Горан Хаџиќ, како последен обвинет во бегство го уапсија во лето 2011 година, а судењето во Хашкиот трибунал започна во октомври 2012 година. Судењето е прекинато по две години, кога на Хаџиќ му се слоши во судски притвор.
Според тогашните наводи на неговата одбрана, на Хаџиќ му е востановено да боледува од тумор на мозокот и дека болеста е „во завршна фаза".
Хашкиот трибунал го теретеше Горан Хаџиќ за прогон на Хртватите на расна, верска и политичка основа, за истребување, убиства, незаконско притварање, мачење, нечовечки дела, депортација и присилно преместување во период од 1991 до 1993 година во источна Славонија и Книнска краина.