Aleksandar Savanovic
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
НОВИ САД (АА) - Магистрантот Душан Пејин од околината на Сомбор, оваа недела успешно го одбранил својот магистерски труд „ Исхрана на млечните крави со зголемено ниво на суви репкини пулпи на шеќерна репка”, пред комисијата на Земјоделскиот факултет во Нови Сад, јавува Anadolu Agency (AA).
Куриозитетот на овој настан е тоа што магистрираното осумдесет годишно лице, магистерскиот труд го пријавил во 1978 година, а успешно го реализирал 38 години подоцна.
Во меѓувреме, во 2012 година ја стекнал титулата мастер во областа на фитомедицина-ентомологија. Сите испити на мастер студиите од 2009 до 2012 година ги полагал со десетки, а оваа недела конечно стана и магистер, исто така со десетка.
Неговиот ментор, професорот др. Драган Гламочиќ, познат како некогашен министер за земјоделство, наведува дека осумдесетгодишниот магистрант за време на својата одбарана на трудот не се испотил, не се збунил и дека „младите требале да дојдат и да слушнат како се брани труд”.
Пејин тврди дека напишал прекрасен труд, кој ќе им служи на идните генерации како школски пример.
- Пред одбраната на трудот немал трема -
„Пред почетокот на одбраната на магистерскиот труд, претседателот на комисијата ме праша дали имам трема. Му одговорив дека не сум имал трема ни на првиот испит, и дека нема причина ни сега да ја имам” , вели новиот магистрант за АА.
Факултетската диплома ја стекнал во 1963 година на Земјоделскиот факултет - општ смер, како петта генерација на студенти од основањето на оваа научно образовна установа. Како тој вели, веќе следниот ден се јавил за работа на агроном во Земјоделската задруга во Чонопољ кај Сомбор, а поради унапредување на знаењето и можноста за подобра плата запишал постдипломски студии во 1978 година на одсекот Исхрана кај домашни животи - исхрана на говеда. Тогаш со финансиска поддршка на тогашната покраинска власт извршил истражување кое му станало магистерска теза, а кое е изведено во 1979 година.
„Го работев истражувањето на 64 крави, домашни шарени и црвени Холштајн раса и докажав дека пулпата од репка може во потполност да ја замени пченката во исхрана на кравите. Грлата беа поделени во четири групи, една контролна и три експериментални. Оброците беа идентични во поглед на обемниот дел во кој доминираше зелената луцерка, додека концентрираниот дел на оброкот беше различен. Трудот докажа дека со употреба на зголемените нивоа на пулпа од репка е остварена значителна заштеда во производство на млеко во дадената ситуација на пазарот. Дури и во исхраната со шеќерна репка, процентот на масти во млекото кај кравите е зголемен”, вели Пејин.
Меѓутоа, после тоа истражување, неговиот ментор отишол во пензија, а исхраната со репкина пулпа почнала се повеќе да се применува во исхраната на кравите, па му преостанало да пронајде нов ментор, но и да го прилагоди трудот, бидејќи времето поминувало а мерните едници се менувале. Многуте работи кои ги имаше ја одолговлекуваа работата да се заврши како треба,па со менторската помош на професорот Гламочиќ му пошло од рака.
„Додека работев немав многу време, па по заминувањето во пензија, одлучив прво да го одбранам магистерскиот труд пред четири години, а сега и магистерската теза” , вели Пејин.
Душан Пејин е роден на 29-ти октомври 1937 година во Крушеваљ кај Сомбор.
- Би запишал Ветеринарски факултет да е помлад -
Мозочната виталност и покрај староста ја одржувал со читање, а себеси се опишува како човек на книгата, кој потекнува од семејство во кое на образованието му се дава значење. Неговата мајка Аника беше учителка, која во невозможност да му посвети доволно внимание, а сакајќи нејзиниот син да напредува и да го унапредува своето знаење, го научила своето знаење да го запишува на хартија кои она ги прегледувала, па така младиот Душан имал речиси секојдневна контролна работа.
Како тој вели, таткото сакал тој да заврши ветерина, а факултет бил во Белград, а Белград за Душан бил „ премногу ридест ”, па факултетската диплома ја стекнал во Нови Сад.
„Да сум десет години помлад, би запишал Ветеринарски факултет и би ја исполнил желбата на татко ми. Што се однесува до магистерскиот труд, го направив тоа како од шега, бидејќи се наоѓам во таа материја. Имам три теми подготвени за докторат, но немам пари. Но, мојата снаа, по магистерската диплома, вели да не очајувам и дека ќе се најдат пари... Читав дека некој Унгарец докторирал во својата 85-та година. Јас сега планирам да го надминам”, заклучува Душан Пејин.