Балкан

Заев: „Треба да се унапреди соработката во слободното движење на стоки, услуги и работници“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во Нови САД потпишаа Декларација за слобода на протокот на капитал, стоки, услуги и луѓе

Husamedin Gina  | 10.10.2019 - Обновена : 11.10.2019
Заев: „Треба да се унапреди соработката во слободното движење на стоки, услуги и работници“

НОВИ САД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во Нови САД потпишаа Декларација за слобода на протокот на капитал, стоки, услуги и луѓе, која предвидува до крајот на 2021 година овие три држави на Западен Балкан да се најдат во единствен систем со кој ќе се овозможи деловен амбиент, полесен транспорт на стоките и вработување, но и преминување на границите само со лична карта, јавува Anadolu Agency (AA).

На заедничката прес-конференција, по потпишување на Декларацијата, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, истакнувајќи дека никогаш не е доволно тоа што досега е направено, рече дека и понатаму мора да се работи заедно, поинтензивно и подобро.

Премиерот Заев, наведувајќи дека регионот треба да ја унапреди севкупната соработка во делот на четирите слободи како што се слободното движење на стоки, услуги, работници, и секако, на слободното движење на транспортот, рече:

„Дефинитивно, нашиот регион, ако ја унапреди севкупната соработка во делот на четирите слободи, така познати во Европската Унија, нешто што е желба на нашите граѓани, тоа е слободното движење на стоки, услуги, работници, и секако, слободното движење на транспортот генерално, овде мислам дека дефинитивно ќе го создаде она што сите го очекуваме. А тоа е Балкан што дефинитивно ќе биде повеќе почитуван од сите други региони во светот. Балкан којшто ќе биде покомпетитивен за сите други во светот. Но и Балкан кој ќе биде попривлечен за нашите граѓани да останат овде.“

„Оваа иницијатива е политички чекор за релаксирање на односите во регионот. Балканот повеќе не е „буре барут“, како што беше од 19 век. Ова е Балкан на 21 век, кој е насочен на мир, стабилност, економски развој, интеграции и унапредување на квалитетот на животот“, заклучи Заев.

На денешниот трилатерален состанок, договорено е следниот состанок да биде на 10 ноември во Охрид, а еден месец подоцна во Албанија. Најавено е дека поканата ќе биде испратена до другите членки на Балканската шестка, со надеж дека политичките прашања за изборот на владите во Приштина и Сараево ќе бидат решени дотогаш.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın