Nazmi Abduramani
07 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
СКОПЈЕ (AA) Собранието на Република Македонија вечерва се распушти согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по изјаснувањето на пратениците за точките од дневниот ред на 98. седница вечерва изјави дека со тоа завршува мандатопт на актуелниот парламентарен состав.
- СДСМ нема да учествува на избори
Од друга страна лидерот на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев на прес-конференција рече дека партијата чиј лидер е тој, нема да учествува на овие избори.
“Со месеци заедно се бориме за слободни и демократски избори, да се врати основниот демократски принцип, еден човек еден глас. За да се врати правото на различно мислење. Договорот од Пржино беше потпишан тоа да се обезбеди. Избирачкиот список не се прочисти, медиумските реформи не се прифатени, притисоците продолжуваат. СДСМ нема да учествува на овие избори”, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Со договорот од Пржино од јуни/јули 2015 година постигнат од четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА со посредство на ЕУ и САД, беше договорено изборите да се одржат на 24 април, но оваа одлука беше сменета на предлог на ДУИ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не гласаше иако бараше одложување на изборите, поради како што наведуваа неисполнување на условите за фер, демократски и кредибилни избори.