Bekim Laci
18 Февруари 2016•Ажурирај: 19 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Лидерот на македонската опозиција, претседателот на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев и претседателот на Движењето Беса Билал Касами, по состанокот одржан денес, беа децидни дека нема услови за одрување на фер и демократски избори на 24 април оваа година, како што инсистираат партиите во владејачката коалиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерите на двете партии велат дека, наместо да се зборува за датумот на изборите, државните институции треба да се создадат еднакви услови за натпреварувачите на изборите.
Запрашан за коментар за тоа каква би можела да биде оценка на странските амбасадори, кои утре ќе дадат оценка дали земјата е подготвена за избори на 24 април, Заев рече дека од моментот кога власта еднострано го одреди датумот на изборите , резултатот е познат, бидејќи не постои време потребно за расчистување и контрола на изборачкиот список.
"Сега сите разбрале дека работите не зависат од Никола Груевски и Али Ахмети, и јас сум убеден дека ова ќе се аргументира со факти.Тој кој не сакаше да ја почитува одлуката, ќе биде етикетиран како човек кој ја турка земјата во подлабока политичка криза ", рече Заев.
Тој рече дека со Касами не расправал за можна македонско-албанска коалиција, но дека тие разговарале и за соработка на различни прашања, како и дека е премногу рано да се зборува за таква коалиција, но без исклучување на оваа можност во иднина, што исто така го потврди и Касами.
Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами рече дека не е возможно да се одржат избори на 24 април, бидејќи не се создадени услови кои ќе обезбедат фер и слободни избори.
"Ние ќе ја дадеме нашата поддршка како опозициска партија за овие избори да бидат слободни и фер демократски избори на кои граѓаните ќе се одлучат за која политичка опција ќе гласаат", рече Касами.
Освен изборите, соговорниците рекоа дека тие, исто така, разговараа за соживотот на граѓаните на Македонија и нејзнината иднина и изразија загриженост поради масовниото заминување на младите од земјата.
Инаку, меѓународната заедница, односно амбасадодите на САД и Европската унија во земјата во петок треба да ја соопштат оценката за тоа дали се исполнети потребните услови за одржување на фер и демократски избори на 24 април.