Балкан

Македонија и БиХ заинтересирани за унапреување на регионалните иницијативи

Заев и Звиздиќ ја искористија можноста да се состанат и уште еднаш да разговараат за унапредувањето на традиционално добрите односи на двете земји.

Dejan Maksimoviç  | 05.07.2018 - Обновена : 05.07.2018
Македонија и БиХ заинтересирани за унапреување на регионалните иницијативи (Foto: Samir Yordamoviç/ AA)

Sarajevo

САРАЕВО (AA) – Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев кој престојува во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина (БиХ), се состана со Дениз Звиздиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ, пренесува Anadolu Agency (AA).

Двајцата соговорници разговараа за унапредување на билатералните односи, за соработката во процесот на евроатланските интеграции и за јакнењето на трговската размена, соопшти Советот на министри на БиХ.

Се додава дека дека Звиздиќ на Заев му го честиташе постигнувањето на Договорот со Грција за решавање на спорот за името и рече дека овој храбар чекор е направен со широка визија на двајцата премиери, како и дека сигурно ќе донесе корист за Македонија и Грција, но и за регионот на Западен Балкан.

Звиздиќ и Заев разговараа и за претстојниот Самит на Кина и 16 земји на Централна и Источна Европа, кој ќе биде одржан на 7. јули во Софија, како и за Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан кој идната недела ќе биде одржан во Лондон.

„Се согласија дека БиХ и Македонија се заинтересирани за унапредување на регионалните иницијативи и дека и понатаму ќе работат на подобро инфраструктурно поврзување и забрзување на европските интеграции", информираат од Советот на министри на БиХ. 

Премиерот Заев во Сараево дојде по повод свечената церемонија на 38-от избор на европските најменаџери, најкомпании и личности во 2018 година.

Заев и Звиздиќ ја искористија можноста да се состанат и уште еднаш да разговараат за унапредувањето на традиционално добрите односи на двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.