Almir Terzic
08 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
САРАЕВО (АА) - Претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговија, Денис Звиздиќ упати сочувство до премиерот на Македонија, Емил Димитриев по повод катастрофалните последици од поплавите во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
"По повод катастрофалните последици од незапаметените поплави што ја погодија Македонија, а особено Скопје, во кои загинаа голем број ваши граѓани, во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина и во свое име, го изразувам моето најдлабоко сочувство до Вас. Ве молам, господине премиер, на семејствата на жртвите да им го пренесете нашето сочувство, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување", се вели во телеграмата на претседавачот Звиздиќ.
И членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, испрати телеграма со сочувство до претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод невремето од катастрофални размери што ја погоди земјата и однесе десетици животи.

„Бeв длабоко потресен од веста за катастрофата што ја зафати Македонија, во која загинаа голем број луѓе. Во овој тажен момент за Вашата земја и народ, искрено сочувствувам со Вашето и со страдањето на семејствата на загинатите. Тешките слики од вашата земја нè потсетиja на она што го минавме ние пред две години, па поради тоа сочувството е уште поголемо. Почитуван претседател Иванов, Ве молам моето најдлабоко сочувство и солидарност да им го пренесете на граѓаните на Република Македонија, со желба за брзо надминување на последиците од страшната несреќа што ви се случи”, се наведува во телеграмата на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.