Zülfiya Yakup
18 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Во текот на седумгодишното функционирање во Косово, мисијата на ЕУ во Косово, ЕУЛЕКС, не успеа во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и во пружањето помош на правосудниот косовски систем, оцени Кренар Гаши, професор по политички науки, кандидат за докторат на Универзитетот Гентит во Белгија на тема „ЕУЛЕКС не беше успешен во Косово”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на дискусијата во организација на невладината организација Движење ФОЛ (Зборувај), Гаши го претстави своето истражување за работата на ЕУЛЕКС. Истражувањето покажува дека во текот на седумгодишното присуство на ЕУЛЕКС во Косово донесени се само 47 одлуки во врска со случаи на корупција а 23 за случаеви поврзани со организираниот криминал.
Гаши објасни дека системот на надворешна политика на ЕУ, чиј дел е и мисијата ЕУЛЕКС и тоа како најголема мисија, е многу комплициран, и дека за неуспехот на мисијата придонесоа повеќе структурални проблеми. Еден од главните фактори е дека ЕУ е чудна политичка структура, која во надворешната политика се третира како еден актер, а на внатрешен план е комплексна и му диктира на ЕУЛЕКС следење на надворешната политика. Многу проблеми на терен создаде и фактот, истакна Гаши, што мисијата ЕУЛЕКС е воспоставена по прогласувањето на независноста во 2008 година и покрај тоа што пет земји од ЕУ не го признаа Косово.
„Амбасадорите во Косово одржуваа паралелни врски со лицата на ЕУЛЕКС, кои се пратени од нивните земји. Така, од ЕУЛЕКС протекуваа чувствителни информации преку дипломатски информации. На некој начин шефот на ЕУЛЕКС не беше всушност шеф на ЕУЛЕКС, туку шефови на ЕУЛЕКС беа сите амбасадори на земјите членки кои имаа свој персонал во мисијата ”, истакна Гаши.
Исто така, уочена е, додаде тој, тенденција во јавноста да се создаде имиџ дека странските судии се попозитивни од домашните, но резултатите говорат поинаку.
Според Гаши, време е косовските функционери да направат листа со потребниот број странски судии и да преговараат доколку е потребно и со секоја земја на ЕУ поединечно, бидејќи на Косово му е потребна помош и поддршка во областа на правото, што преставува најслаба алка во земјата.