Ekipa
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Тимовите на косовската полиција и на Европската мисија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) се наоѓаат пред домот на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, кој вчера поднесе оставка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштеното, ЕУЛЕКС со поддршка на косовската полиција врши претрес во куќата на Тачи.
Меѓу другото, Канцеларијата на Специјализираното обвинителство соопшти дека се реализираат операции во Косово.
„Канцеларијата на Специјализираното обвинителство моментално спроведува операции во Косово. Операциите на Канцеларијата на Специјализираното обвинителство се реализираат со поддршка на Полицијата на Косово и на ЕУЛЕКС“, се истакнува во соопштението.
Потсетуваме, вчера поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), меѓу кои и поранешниот претседател на Косово, Тачи, кој поднесе оставка, по потврдување на обвинението за воено злосторство беа траснферирани во притворски објект на Специјализираните совети на Косово во Хаг.
Пред да отпатува за Хаг, Тачи соопшти дека поднесува оставка од претседателската функција поради потврдување на обвинението против него, и дека оваа одлука ја донел за да го заштити интегритетот на косовската држава.