Zülfiya Yakup
21 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
ПРИШТИНА (АА) - По одлуката на Советот за продолжување на мандатот на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово до 14-ти јуни 2018 година и размената на писмата меѓу премиерот Хашим Тачи и високата претставнчка на ЕУ, Федерика Могерини, ЕУЛЕКС во соработка со косовските власти и понатаму постепено ќе продолжи со пренесување активностите на локалните институции и другите страни на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
"ЕУЛЕКС Косово ќе продолжи да им помага на косовските правосудни органи за спроведување на законот во нивниот напредок кон одржливост и одговорност, како и во понатамошниот развој и јакнење на независниот, мултиетнички систем на правосудството и мултиетничката полиција и царината, со цел да се осигура дека овие институции се слободни од политички влијаниа и дека ги почитуваат меѓународно признатите стандарди и најдобрите европски практики", се вели во соопштението на ЕУЛЕКС.
Се истакнува дека мисијата во целосна соработка со програмите на Европската комисија за помош ќе го спроведува својот мандат преку мониторинг, менторство и советување, задржувајќи одредени извршни надлежности. Се додава дека преку својата извршна функција мисијата ќе обезбеди поддршка во решавање на предметите од областа на уставното и граѓанско право, како и во кривичното гонење при решавањето на избраните кривични предмети.
"Во исто време ЕУЛЕКС предметите постојано ќе се оценуваат со цел нивна преквалификација како заеднички и понатамошно ангажирање на косовските судски, обвинителски и истражни органи, со цел изградба на косовоските капацитети во тие области. Сите криминални истраги и сите нови случаи ќе бидат предводени од страна на косовските правосудни власти во панели кои ќе бидат составени од косовски судии. Само во вонредни околности може да му биде доделен случај на Обвинителот од ЕУЛЕКС или на панелот составен од мнозинство судии на ЕУЛЕКС", се вели во соопштението.
Во тесна соработка со специјалниот претставник на ЕУ во Косово, мисијата ќе пружа поддршка на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, со цел да им помогне во спроведувањето на останатите договори кои произлегуваат од дијалогот во областа на владеењето на правото. ЕУЛЕКС Косово, од 2008 година им помага и им дава поддршка на косовските власти во областа на владеењето на правото, особено во однос на полицијата, судството и царината.