Sibel Vezaj
21 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели, денеска се сретна со директорот на Комисијата за етика при Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД), Омар Aшмави, со кого разговараше за работата и развојот на настаните во Собранието на Косово и можностите за соработка во областа на парламентарната етика, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение од страна на Собранието на Република Косово, изјавено е дека за време на состанокот претседателот Весели го известил американското официјално лице во врска со неговиот концепт за отворање на институции кон граѓаните, зголемување на транспарентноста и олеснување на пристапот на медиумите, граѓанското општество и јавноста во работата на Собранието. Весели, исто така, го најави својот конструктивен и кооперативен став со сите партии застапени во Собранието.
Директорот на Комисијата за етика при Конгресот на Соединетите Американски, Омар Aшмави, најавувајќи ги заложбите за промовирање на етичките принципи и норми на парламентите во парламентарниот развој, ја поздрави работата на Канцеларијата на Весели поврзана со овие принципи, напоменувајќи дека оваа институција им помага во одржувањето на институционалниот интегритет и довербата на граѓаните.
На крај Претседателот на Собранието на Косово, Весели, му се заблагодари на Ашмави за неговиот интерес и поддршката во развојот на настаните во Собранието, додека соговорниците изјавија дека соработката меѓу институциите што ги претставуваат ќе ги одбележи новите вредности кои ќе бидат наведени во блиска иднина.