Sibel Vezaj
13 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
ПРИШТИНА (АА) - Американскиот сенатор, Џон Меккејн во рамките на неговата денешна посета во Косово, нагласи дека претворањето на Косовските безбедносни сили (КБС) во Косовски вооружени сили треба да биде преку уставните промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Џон Меккејн кој во Косово престојува во дводевна посета, денес се сретна со претседателот на Парламентот на Косово, Кадри Весели. По оваа средба, тој учествуваше на свечената седница на Парламентот на Косово каде се обрати на пратениците на овој парламент.
Во неговиот говор, сенаторот Меккејн се осврна на посветеноста на Соединетите Американски Држави (САД) за подржување на Косово. Потсетувајќи на 90-тите години како и на периодот на војната во Косово, Меккејн рече дека е сведок на деветтгодишниот напредок на Косово.
И покрај постигнатиот напредок, според сенаторот Меккејн, Косово уште има да направи уште многу работа.
„На овој пат нема да бидете сами, САД се подготвени за да ве подржат“, истакна Меккејн.
Тој посочи дека сега е време за продолжување со маршот на напредок со одобрување на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, која, според него, ќе донесе либералицазија на визите со ЕУ и ќе претставува значаен чекор.
Меккејн, како претседател на Комисијата на сенатот за вооружени сили, рече дека е подготвен да направи се што може за да понуди поддршка и помош во аспект на безбедноста на Косово.
Нагласувајќи дека долгорочната безбедност на Косово е вкоренета во политичките односи со САД, НАТО и со другите меѓународни партнери, Меккејн истакна:
„Поради оваа причина е толку важно за трансформирањето на КБС во Косовски вооружени сили да биде преку уставните промени. Ова е суверена одлука која може да биде донесена само од страна на косовскиот народ за својата земја. Како што вели претседателот на Косово, Хашим Тачи, треба да биде постепено, инклузивно, со ангажирање на сите заедници вклучувајќи ги и Србите на Косово. Ако се постапува на овој начин верувам дека трансформацијата на Косовските вооружени сили долгорочно ќе го унапреди напредокот на Косово, својот национален легитимитет, како и дека ќе обезбеди пристап во иднина за воена помош.“
Исто така, Меккејн истакна дека мирот и идниот просперитет на Косово зависи од успехот на дијалогот за нормализација на односите со Србија. Истакнувајќи дека постојат и оние кои веруваат дека Косово и Србија никогаш нема да ги нормализираат нивните односи, Меккејн рече: „Ве поттикнувам да го одбиете овој фатализам.“
„Мојата порака за вас е истата онаа што му ја пренесов и на српскиот премиер во текот на оваа недела. Унапредувањето на дијалогот олеснет од страна на ЕУ и поддржан од страна на САД е во корист на граѓаните на Косово и на Србите, е витален за заедничката европска иднина на Косово и Србија, и е од суштинско значење за стабилноста на југозападна Европа“ рече тој.
Потсетувајќи на конфликтот меѓу Америка и Виетнам, тој нагласи дека желбата за Косово да биде една земја која уште еднаш ќе му покаже на светот дека помирувањето е можно.
Сенаторот истакна дека во овој пат САД ќе бидат со ова земја, велејќи: „Доколку мојата земја го остави настрана овој регион, тогаш себе си се става во ризик.“
Од друга страна, претседателот на парламентот на Косово, Кадри Весели, во текот на неговиот говор, укажа на важноста на поддршката на САД за Косово, како и во текот на војната така и нејзиниот развој по независноста.
Посочувајќи дека се чувствува горд од зборовите на поддршка на претседателот на САД, Доналд Трамп, за поддршка на Косова како една независна и суверена земја, Весели истакна дека Косово секогаш ќе биде симбол на една вистинска демократија во балканскиот регион, симбол на моќта, вредностите и добрата волја на САД.
Исто така, американскиот сенатор, Меккејн утре ќе одржи средба со претседателот на Косово, Хашим Тачи, каде се очекува да му биде доделен „Орден за слободата“, за неговата поддршка за слободата и независноста на Косово.
Американскиот сенатор, Меккејн, пред неговата посета во Косово, ги посети и другите југоисточни европски земји, како Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина како и Црна Гора. По неговата посета во Косово тој ќе ја посети Албанија.