Sibel Vezaj
11 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
ПРИШТИНА (АА) - Во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Косово ќе биде претставено од делегација од косовскиот Парламент, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, преку објава на социјалните мрежи упати честитки и истакна дека ова е резултат на парламентарната дипломатија.
„Како резултат на парламентарната дипломатија, Косово успеа да обезбеди свое претставување во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Косово се движи напред со сигурни чекори, кон интеграцијата во најзначајните меѓународни организации“, пишува Весели.
Почнувајќи од јануари 2017 година, Косово ќе учествува на седниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа со делегација составена од претставници на позицијата, опозицијата и на малцинствата.