Bojana Stojanovic
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
БЕЛГРАД (АА) - Рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин, денес изјави дека Русија ја почитува балансираната политика на Србија и дека никогаш не била против пристапот на Србија кон Европската унија (ЕУ), но дека е против уцените кои од ЕУ доаѓаат кон Србија, јавува Anadoly Agency (AA).
„Ја почитуваме избалансираната мирољубива политика на Белград во регионот и се залагаме за исполнување на резолуцијата 1244. Ние сме против двојни стандарди и уцени”, изјави Чепурин на тркалезната маза на Центарот за развој на меѓународна соработка под назив „Србија, НАТО, Русија - што претставува српски интерес”, одржана во Белград.
Тој наведе дека Русија е против уцените кои доаѓаат од ЕУ кон Србија, но дека никогаш не била против пристапот на Србија во ЕУ.
Чепурин најави дека во наредните два месеци во Србија доаѓа делегација на чело со секретарот на Советот на безбедност, Николај Патрушев, а дека на почетокот на ноември мора да биде одржан состанок на меѓувладиниот комитет.
„Сите овие состаноци би требало да обезбедат основа за развој на соработката и да обезбедат основа за доаѓање на премиерот”, објасни Чепурин.
Тој изјави и дека Русија е подготвена да соработува со сите, но не според американско туку според меѓународното право.
Чепурин рече дека НАТО предизвика непоправлива штета на Србија, која треба да се компензира, а не да ја уценува Србија.
Амбасадорот на Русија во Белград го повика НАТО да ги исчисти мините и да не го спонзорира Косово.
Директорот на Центарот за развој на меѓународната соработка, Драгомир Анѓелковиќ, оцени дека Русија е клучен фактор за спречување на понатамошното признавање на независноста на Косово, и дека НАТО е тој кој на Србија и го „одзема” Косово.
„Русија е коректна со нас, со нас развива односи колку може и не нè тера да ја менуваме нашата политика. Западот всушност работи против нас, додека Русија ни дава поддршка колку и да може”, изјави Анѓелковиќ.
Според зборовите на аналитичарот Бранко Радун, Србија мора да се сочува од влез во НАТО, бидејќи тоа би довело до дестабилизација на Србија.