Белград: Одбележан Денот на примирјето во Правата светска војна
На државната свеченост присуствуваа претставници на Армијата на Србија, градот Белград, амбасадори и пратеници на одбраната ????? ??????????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
БелградБЕЛГРАД (АА) – По повод денот на примирјето во Втората светска војна, во меморијалниот комплекс на загинатите српски војници за време на војната, со воени почести, беа положени венци. Централниот државен настан, во име на Владата на Србија, го предводеше министерот за труд и социјални прашања, Александар Вулин, пренесува Anadolu Agency.
На државата свеченост присуствуваа претставници на Армијата на Србија, градот Белград, амбасадори и пратеници на одбраната на Австрија, Австралија, Белгија, Бугарија, Грција, Италија, Канада, Унгарија, Германија, Романија, Руската Федерација, САД, Република Словачка, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Франција, Холандија, Чешка, Ангола, Палестина, Турција, Аргентина, Куба и други здруженија и граѓани, кои ја негуваат традицијата на ослободителните војни на Србија.
"Никаква промена на историјата, без прилагодување на она што за нас сега живите би било пријатно и удобно, не може да се случи се додека паметиме стоејќи пред овој гроб. Стоејќи пред гробот на праведните и храбрите. Секоја промена и ревизија на вистината всушност буди страв дека ужасите на војната ќе бидат заборавени и дека војните ќе се повторат пак, кога оваа генерација ќе заборави на какво страдање и на какво зло биле изложени оние кои чекореа по оваа земја пред сто години", рече Александар Вулин, обраќајќи се на толпата.
Тој додаде дека нема промени и нема заборав, бидејќи не може да има изедначување на мртвите, затоа што човечкото страдање е иста за сите и секого, но причината за страдањето не е и не може да биде ист. Како што рече, не се истите луѓе кои ги направија војните и оние кои учествуваа не по сопствена волја бранејќи го својот дом, семејство и живот.
Вулин во своето обраќање побара од големи и моќните да и дадат ветување на Србија и на целиот свет дека никогаш повеќе нема да се случи војна, додавајќи:
"Сакам пред вас да ја кажам најголемата желба на српскиот народ. Желбата која никогаш во својата историја ниту едно поколение не ја исполни да се досонува, да се доживее. Само само една генерација која ќе се роди, да порасне на ова парче земјата и да умре, а притоа никогаш да не доживе војна. Само една генерација. "
Денот на примирјето во Првата светска војна се одбележува во цел свет со државни манифестации кои се оддржуваат на 11 ноември во 11 часот во знак на 11 ноеври 1918 година во 11 часот кога на сила стапи примерјето во Првата светска војна. Во Србија, денот на примирјето во првата светска војна е државен празник.